Зеленски слави роденден – неговата сопруга со емотивна порака од која на многумина ќе им надојдат солзи, не си ист од минатата година (ФОТО)

January 25, 2023
1 min read

Денешниот ден е роденден на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој доби емотивна честитка од својата сопруга Олена:

„Често ме прашуваат за тоа како си се сменил во текот на оваа година. А јас секогаш одговарам: „Не е сменет. Ист е и понатаму. Истото момче што го запознав кога имавме 17 години. Но, нешто всушност се смени: сега многу помалку се смееш. На пример како на оваа фотографија…Ти посакувам да имаш многу повеќе причини за насмевка“ – напиша Олена Зеленска.

Војната во Украина продолжува, а Германија и САД денеска најавија дека ќе испратат тенкови во оваа земја. Долгоочекуваната одлука на овие две земји одекна во медиумите. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека поддршката на Украина е „обврска на светот“. Тој најави испорака на 31 тенк „Абрамс“, што е еквивалент на еден украински баталјон и соодветна обука за украинските војници да можат да управуваат со возилата.

Тој исто така ги нарече Абрамс „најспособни тенкови во светот“.

И други земји на НАТО најавија испорака на свои тенкови. Германија во првата пратка ќе достави 14 „леопарди“, но не војници или авиони, најави канцеларот Олаф Шолц.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) И САД ќе испратат тенкови во Украина

Следно

Бугарскиот амбасадор во Македонија останува во Софија: Милков најави можност за ново вето и суспензија на меѓудржавните проекти

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop