Зеленски ѝ се заблагодари на ЕУ за помошта и изрази надеж дека Украина по победата во војната ќе стане дел од Унијата

February 9, 2023
2 mins read

Во своето обраќање, Зеленски порача дека Русија сака да го уништи европскиот начин на живот, но истакна дека тоа нема да биде дозволено. Додаде дека Украинците заедно со Европската Унија се бранат од најантиевропската сила на современиот свет и изрази уверување дека Украина ќе ѝ се приклучи на Европската Унија откако ќе излезе како победник од војната со Русија

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во обраќањето пред европските пратеници порача дека ЕУ ја знае жртвата што ја претрпел украинскиот народ за Европа, а затоа, како што кажа, Унијата мора на дело да ја покаже поддршката кон Украина. Мецола ги повика сојузниците да разгледаат брзи чекори за да обезбедат системи со долг дострел и борбени авиони што ги бара Киев

По ненадејните посети на Велика Британија и Франција, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Брисел каде што присуствуваше на самитот на лидерите на 27 земји членки на ЕУ. Зеленски им се обрати на пратениците на Европскиот парламент и им се заблагодари на претставниците на блокот за поддршката кон Украина.

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Во своето обраќање, Зеленски порача дека Русија сака да го уништи европскиот начин на живот, но истакна дека тоа нема да биде дозволено. Додаде дека Украинците заедно со Европската Унија се бранат од најантиевропската сила на современиот свет и изрази уверување дека Украина ќе ѝ се приклучи на Европската Унија откако ќе излезе како победник од војната со Русија.

„Украина ќе победи во војната и ќе биде членка на Европската Унија“,

рече Зеленски, по што беше поздравен со овации и аплауз од пратениците во Европскиот парламент.

По неговото обраќање во ЕП, Зеленски го држеше знамето на ЕУ додека во заднина беше пуштена украинската национална химна, а потоа и европската химна „Ода на радоста“.

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во обраќањето пред европските пратеници порача дека ЕУ ја знае жртвата што ја претрпел украинскиот народ за Европа, а затоа, како што кажа, Унијата мора на дело да ја покаже поддршката кон Украина. Мецола ги повика сојузниците да разгледаат брзи чекори за да обезбедат системи со долг дострел и борбени авиони што ги бара Киев.

„Државите мора да разгледаат брзи чекори за обезбедување системи со долг дострел и авиони што ви се потребни за да ја заштитите слободата што многумина ја земаа здраво за готово. Одговорот на војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина мора да биде пропорционален на заканата, а заканата е егзистенцијална“,

изјави претседателката на Европскиот парламент и додаде дека ЕУ го чува грбот на Украина.

Зеленски присуствуваше на самитот на лидерите на 27 земји од ЕУ, еден ден по средбата со британскиот премиер Риши Сунак во Лондон и со претседателот на Франција, Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц во Париз.

За време на средбите со Зеленски, лидерите на Франција и Германија ветија дека ќе ја задржат поддршката за воените напори на Киев, додека британскиот премиер Сунак рече дека првите британски тенкови „челинџер 2“ ќе пристигнат следниот месец и Обединетото Кралство ќе започне со обука на украински пилоти на борбени авиони според НАТО стандардите.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нови дојави за бомби: Се евакуираат училишта низ Скопје

Следно

ИМА ЗАГИНАТИ: Земјотрес од 5,1 степен по Рихтер во Индонезија

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop