Зеленски најави дека пред Контакт групата ќе го претстави „Планот за победа“

October 5, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, најави дека на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн, Германија на 12 октомври, ќе го претстави Планот за победа и јасни и конкретни чекори за праведен крај на војната, известува Анадолу.

Зеленски најави дека се подготвува за состанокот на Контакт групата, која за прв пат се состанува на ниво на лидери на држави.

„Ќе го претставиме Планот за победа и јасни и конкретни чекори за праведен крај на војната. Она што може да ја запре руската агресијата е решителноста на нашите партнери и јакнење на Украина“, рече Зеленски.

Деталите за Планот за победа, што Зеленски ги претстави на средбата со американскиот претседател Џо Бајден на 26 септември, сè уште не се објавени во јавноста, но локалните медиуми наведуваат дека планот вклучува сигурност, геополитичко позиционирање, воена поддршка, економска поддршка, како и укинување на ограничувањата и издавање дозволи за гаѓање на воени цели во Русија со оружје обезбедено од Западот.

Контакт групата за одбрана на Украина, позната и како „Формат Рамштајн“, има за цел да ги координира напорите за поддршка на Украина во борбата против руската агресија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детали за трагедијата која ја потресе Македонија: Бебето пред да почине имало тешка респираторна инфекција и засегнати витални функции

Следно

Мицкоски: Ултиматуми не прифаќаме, Бугарија сака да ја вовлече темата Македонија во нивното предизборие

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop