Зеленски им наложи на министерствата да работат со партнерите на нови одбранбени пакети

August 17, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес истакна дека им наложил на министерствата за надворешни работи и за одбрана да соработуваат со партнерите на деталите за новите одбранбени пакети, пренесува Анадолу.

„Континуирано го следиме снабдувањето со опрема и муниција, како и темпото на нашето сопствено производство. На Министерството за надворешни работи и на Министерството за одбрана им е наложено да соработуваат со партнерите за следните одбранбени пакети да го имаат токму она што е потребно“, соопшти Зеленски преку Телеграм.

Тој рече дека на состанокот за снабдувањето со оружје биле разгледани и разузнавачки извештаи за тактичките и стратешките планови на Русија, за состојбата на нејзината воена опрема и подготовката на воздушните одбранбени системи на Украина за зимата.

Зеленски исто така соопшти дека се разговарало и за елиминирање на последиците од руското бомбардирање на украинските градови и за евакуација на областа Купјанск, како и за изградба на нови станбени објекти во областите Херсон и Киев, како и за функционирањето на договорот за извоз на жито преку Црното Море.

Купјанск последниве денови е место на жестоки борби меѓу руските и украинските сили, каде Москва тврди дека ја подобрила својата позиција покрај линијата на фронтот со поддршка на авијацијата и артилеријата.

Околу 436 лица се евакуирани од Купјанската Област, откако на 9 август локалните власти донесоа одлука за евакуација на оние кои живеат во близина на линијата на фронтот. Според гувернерот на Харков, Олех Синјехубов, се очекува да бидат евакуирани над 11.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Платформата против корупција бара оставка од обвинителот Јовески поради (не)постапувањето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Следно

Пике жали што не играл во Серија А

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop