Здравковски: Економските генијалци од СДСМ, додека беа на власт, спротивно од сега ги зголемија стапките на ДДВ на стотици артикли

February 24, 2025
1 min read

Продолжува хипокризијата на СДСМ. После 7 години власт, денес од опозиција предлагаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните кои тие во изминатите 7 години ги доведоа до просјачки стап, изјава Игор Здравковски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Предлагаат мерка за намалување на ДДВ на храната и струјата. Економските генијалци од СДСМ, додека беа на власт, спротивно од сега ги зголемија стапките на ДДВ на стотици артикли. Денес, со активните мерки со ограничување на маржите ќе имаме запирање на инфлацијата на храната, а со тоа и заштита на стандардот на граѓаните, потенцира Здравковски.

Дополнително, денес носиме и Закон за заштита на потрошувачите. И за жал, нивното лицемерие не запира тука. Бараат намалување на ДДВ за струјата, а во ниво време цената на струјата беше зголемена за цели 100%, додаде тој.

Во ситуација на енергетска криза, кога цената на берзите беше над 800Е за MWh, тие беа глуви на барањата на потрошувачите, на опозицијата и на граѓаните, па не дадоа ниту време, ниту модус да застанат на страна на граѓаните. Напротив, го искористија моментот да го искрадат и уништат енергетскиот сектор преку матни тендери. Економските и енергетските генијалци, успеаја цената на производот на електрична енергија да ја качат од 45Е на 133Е за MWh, изјави Здравсковски.

-Денес цената на струјата е стабилна, а покачувањето е 1,48% во последните 8 месеци. Наместо да се однесуваат лицемерно, попаметно им е во иднина да ги прифатат мерките на Владата и конструктивно заедно да работиме за доброто на граѓаните, потанцира тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поевтинуваат бензините и дизелот

Следно

Утврдена потребата за носење на измени на законите за потрошувачи и за вршење на сметководствени работи

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop