ЗЏМ: Изненадени и затекнати сме од изнесениот став од нашите колеги од Филхармонија

April 3, 2023
2 mins read

Изненадени и затекнати сме од изнесениот став од страна на нашите колеги од Филхармонија по одлуката на Владата според која просторно новоформирната национална установа Оркестар за џез музика да биде сместен во објектот на Национална филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет”, реагираат со писмо до медиумите од Здружение на џез музичари на Македонија и слободни уметници  – ЗЏМ Скопје.

По одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Македонија, за основање на национална установа „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ – Скопје, добивме исклучително позитивни реакции од страна на целокупната македонска јавност, но и честитки од нашите колеги во регионот кои ја поздравуваат добиената шанса нашата дејност да биде официјализирана и институционализирана преку основањето на џез оркестарот, се вели во реакцијата на ЗЏМ.

Тие го разбираат отпорот кон промени, но не може да ги оправдаат ниту да ги прифатат како основани изнесените ставови од страна на колегите вработени во Филхармонија.

Би сакале да ги потсетиме нашите колеги за нашите заднички реализирани проекти и потврдената квалитетна соработка во текот на овие седум години работење на ЗЏМ Биг Бендот. Ова е период во кој Биг бендот успеа да реализира огромен број концерти во преполни сали за кои се бараше билет плус, на кои како гости учествуваа значајни имиња од земјава и регионот и чиј квалитет беше препознаен од целата македонска јавност, а дел од тие концерти беа реализирани во соработка токму со нашите колеги од Филхармонија. Драги ни се овие соработки со Филхармонија, голем дел од концертите и пробите за овие концерти се случуваа токму во просториите на Филхармонија, па можеби затоа природно произлегла идејата нашата институција да има свое седиште токму во овие простории, велат од ЗЏМ.

Од ЗЏМ сметаат дека станува збор за две институции кои функционираат на исто поле – музика, уметност, култура, и овие институции треба синергично да соработуваат.

Во нашиот случај станува збор за новооформена институција, за прв пат после толку години во нашата земја има џез оркестар, па од наш заеднички интерес е да делуваме смирено и сплотено, најколегијално сите да придонесеме во формирањето на уште една културна установа која ќе промовира вистински вредности и висок квалитет. Да не го занемариме и фактот дека последниве дваесетина години се продуцираше исклучително квалитетен кадар од областа на џез музиката, таленти чиј квалитет и работа се неспорни, земајќи го во предвид школувањето на најдобрите европски и светски џез академии, како и џез академиите во Скопје и Штип. 

За крај, би сакале да апелираме, да не се избрзува со предвремени реакции пред конечното утврдување на тоа како ќе функционира новата институција, и заеднички, Министерството за култура, Филхармонија и ние како претставници на Џез оркестарот, објективно да ја процениме целата ситуација, да се утврдат условите под кои нашата институција ќе може најдобро да функционира, и да се дојде до решение кое ќе биде во најдобар интерес за двете институции, се вели во реакцијата на ЗЏМ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Увид во работа на ул. Васко Карангелески 03.4.2023

Следно

Најмалку 30 лица загинаа при одрон на земја во ДР Конго

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop