Заврши првата сесија од разговорите меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија

February 18, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Заврши првата сесија на руско-американските разговори во Ријад, каде што делегациите прават мала пауза пред да ги продолжат разговорите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јавува Анадолу.

„Најавена е кратка пауза во руско-американските разговори во Ријад. По разговорите, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе има обраќање до медиумите“, изјави таа на брифинг во Москва.

Разговорите меѓу Русија и САД се насочени кон подобрување на односите, решавање на конфликтот во Украина и подготовка на средбата меѓу рускиот и американскиот претседател.

Разговорите, одржани во палатата Дирија, чиј домаќин е Саудиска Арабија со цел поддршка на дипломатскиот дијалог, ја означуваат првата средба меѓу руските и американските дипломати од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Руската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, во која се и претседателските советници Јуриј Ушаков и Кирил Дмитриев, како и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции.

Од американска страна, делегацијата ја предводи државниот секретар Марко Рубио, придружуван од советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Разговорите започнаа во присуство на саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан ал-Сауд.

Саудиска Арабија е избрана за место на средба затоа што е прифатливо за двете страни, истакна претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека е прерано да се разговара за европско учество во преговорите за Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајни контроли: 796 казни, 338 за неправилно паркирање, 145 возеле пребрзо, 58 немале дозвола

Следно

„Халанд ќе игра за Реал Мадрид, не ме прашувајте како знам“

Latest from Blog

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop