Сообраќајни контроли: 796 казни, 338 за неправилно паркирање, 145 возеле пребрзо, 58 немале дозвола

February 18, 2025
1 min read

Напоредно со превентивните активности од областа на безбедноста на сообраќајот кои што речиси секојдневно се реализираат преку надлежните полициски служби во сите сектори за внатрешни работи на МВР, продолжуваат и интензивните сообраќајни контроли на патиштата низ државата.

-Вчера во рамки на активностите на полициските службеници за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а од друга страна наплатени беа 500 платни налози. Дури 338 од овие прекршоци вчера се однесуваа на неправилното паркирање, а во 145 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење, информира МВР.

Од друга страна пак по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани беа 50, односно 31 прекршок.

Полициските службеници детектираа 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи, во четири случаи возачи минале на црвено светло, а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Новата дипломатија на САД е неконвенционална, но конвенционалната дипломатија ни донесе повеќе војни и конфликти“, вели Муцунски

Следно

Заврши првата сесија од разговорите меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop