Заврши првата рунда разговори меѓу американската и украинската делегација

March 11, 2025
1 min read

Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц, одговарајќи на прашањето на Си-Ен-Ен за тоа како течеа преговорите со Украина во Џеда, рече дека страните се движат напред.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, пак изјави дека преговорите со американците почнале „многу конструктивно“.

Телевизискиот канал Ал Арабија објави за завршувањето на првата рунда преговори меѓу украинската и американската делегација, која траела повеќе од три часа. Двете страни најавија пауза.

Да потсетиме, САД не сакаат да ги слушнат барањата на Украина за враќење на границите од 2014 или дури од 2022 година, пренесе скај њуз, цитирајќи претставници на американската делегација. Американскиот државен секретар Марко Рубио пред средбата изјави дека Украина ќе мора да отстапи територии.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: Донесен предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за медиуми за да се зајакне конкурентноста во медиумскиот простор

Следно

Ристески: Борбата против криминалот и корупцијата почнува со реформирање на правосудството

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop