Заврши четвртиот Фестивал на инклузија

June 18, 2025
2 mins read

Низ 50 настани на 5 локации и во 5 тематски денови четвртото издание на Инфјужн докажа дека е возможно да се создаде широка, општествена платформа за култура, уметност, едукација и забава.

Предпремиерата на почетокот на фестивалот го одбележа моќниот и трансформативен перформанс „SKIN“, на 11ти јуни во Театар Комедија, со изведба на австралиско-германското дуо Рене Шадлер и Роланд Волтер. Перформансот го проследија лица од театарската уметност, претставници на Министерство за култура, заедницата на организации за човекови права и поширока јавност.

„Постојат многу начини за движење на телата, а идејата за танцот е многу сeопфатна и игрива. Се надеваме луѓето ќе најдат хармонија преку зближувањето на телата преку танцувањето“ – изјавија Рене и Роланд, кои овој перформанс за прв пат, пред 5 години, го изведоа во Берлин.

На вториот тематски ден посветен на театарската уметност, во Театар Комедија, се одржа и работилница „Танцување без умереност“. Предводена од Рене и Роланд поттикна соработка и забава преку танцот, и докажа дека уметноста е успешен медиум за меѓусебно осознавање и со-креација на лица со и без попречености.

Дом на театарските изведби и работилници беше Домот на култура „Биљана Беличанец“ и непосредниот Парк Македонија. Дечиња изработуваа маскотки од чорапчиња, се забавуваа на претставата во која Супер Вселенко и Супер Марио беа во потрага по роденденската торта, а дополнително уживаа и во инклузивната претстава на знаковен јазик „Ѕуница“.

На официјалното отворање беа доделени наградите „Шампиони на инклузија“, кои бележат особено влијание во општествената одговорност, учество во напредокот на процесот на инклузија и афирмација на човековите права. Наградите се доделени во 5 категории и тоа, Лице со попреченост – Еркан Ќаил(постхумно), Јавна личност – Андреј Ѓорѓиевски/ДНК(постхумно), Организација – Дневен центар ,,Доза среќа”, Амбасада – Република Полска, Компанија – Алкалоид, Општина – Центар.

Во третиот тематски ден посветен на уметноста беа отворени две изложби. Изложени беа цртежи на дечиња од школите од општините Кисела Вода, Аеродром и Центар и поставката на дела од млади уметници на тема „Фузија“. Млади уметници се вклучија и во работилницата за цртање на заеднички мурал.

Четвртиот ден беше посветен на музичките уметности и започна со будењето со латино танци. Се одржа и работилница на тема „Како до успешна кариера во музичката индустрија“ со Петар Младеновски, а во вечерните часови следеше целоноќна музичка фузија на млади бендови, Tsar Von Time, Дактили, Занаду, Fiction. Настапија и Колектив Ветерница, Миа Перевска, Филип Николовски, а програмата ја заокружи Breakdown Band.

Последниот ден на фестивалот посветен беше на друштвените игри и гејмингот, каде беа поставени нови концепти за креирање и прототипирање на игри. Страсните учесници на друштвени игри уживаа и во Dungeons and Dragons, а најмалите во играње игри на Плејстејшн.

Форумот на тема „Лавиринтите на системот“ ја оствари целта да се поддржат и поттикнат за понатамошно делување родителите на деца со попреченост во рамки на системот и „(Не)Пристапен град?“ за да се инспирираат нови промени како во рамки на институциите, така и со зголемување на капацитетите на организациите одговорни да иницираат промени.

За прв пат во Македонија беа толкувани на знаковен јазик и концерти, додека успешен се покажа и настанот за музејски тури во Музејот на современата уметност со толкување на знаковен јазик за уживање во културата на лица со оштетен слух.

Фестивалот Инфјужн со цел да ја поддржи заедницата создаде простор и за промоција на млади креативци, локални бизниси и организации во рамки на 4-дневниот базар.

Партнери на 4-то издание на Инфјужн – Фестивалот на инклузија беа Музејот на современата уметност, Театар за тебе, Допирна точка, организацијата ,,Доза Среќа”, Дом на кулутра „Биљана Беличанец“, Амигос – Железничка, Академија Рекреатива, Galactic Omnivore, E-Спорт
федерацијата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО ЧИФТЕ АМАМ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА НА ОТКУПЕНИ И ПОДАРЕНИ ДЕЛА НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ОД ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

Следно

Невреме на повидок – УХМР најавува дожд, грмежи и можен град до петок

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop