Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

November 29, 2024
1 min read

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година.

По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по што, согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа година.

Се очекува седницата за носење на Буџетот за 2025 година да биде закажана во втората недела во декември.

Во текот на денешното попладневно продолжение на седницата не беа прифатени амандманите на СДСМ, Левица и други опозициски пратеници, кои се однесуваа на различни области: социјална заштита, образование, иновации, претприемништво, земјоделство,… СДСМ, воедно, во текот на седницата повлече повеќе амандмани.

Амандманската расправа почна на 19 ноември. Поднесени беа вкупно 307 амандмани од кои 204 од СДСМ.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарда денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41 350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 процента како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација и поумерениот притисок од базичната инфлација. Извозот се очекува да има раст од 4,2 отсто, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемувањето на надворешната побарувачка.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грција: Суспендирани над 10.000 ученици поради употреба на мобилен телефон на настава

Следно

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Latest from Blog

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти
Go toTop