Завод за статистика на Србија: Државата трета деценија е во депопулација

March 28, 2025
1 min read

Трета децанија Србија е во депопулација – намалување на бројот на жители, каде доминира негативниот природен прираст, се нагласува во студијата објавена денеска на Републичкиот завод за статистика (РЗС) „Населението на Србија – динамика и структури, 2022 година“, јави дописникот на МИА од Белград.

Намалувањето на вкупното население во земјата од 8,0 отсто меѓу последните два пописи е значително регионално нерамномерно, со најнеповолни движења во источните и јужните делови на државата.
Сепак, градот Белград се уште не се соочил со пад на населението поради позитивниот биланс на внатрешната миграција, додека емигрирањето е најизразено во северна Војводина.

Во Србија има големо намалување на бројот на жени во репродуктивна возраст, што, како што посочуваат од РЗС, ќе има директно влијание врз идните демографски процеси.

Драматичен пресврт има и во родовиот јаз во образованието – постарите генерации имаат повеќе образовани мажи, додека кај помладите генерации жените во просек достигнуваат повисоки нивоа на образование.

Од 10 општини со најдобри образовни резултати, осум се од центарот на Белград, додека руралните општини на исток и југоисток се меѓу најлошите.

Бројот на домаќинства е зголемен, но просечниот број на членови на домаќинствата се намалува, па во 2022 година, кога е спроведен последниот попис, тој изнесувал 2,6.

Забележливо е зголемување на уделот на домаќинствата со едно лице, кои сочинуваат една третина од сите домаќинства во Србија.

Експертите од РЗС укажуваат дека има се помалку семејства на брачни парови, со и без деца, додека семејствата на невенчани парови и семејства со самохрани родители се во пораст.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради ограничувањата на Израел, само 75.000 луѓе можеа да ја извршат последната петочна молитва за Рамазан во Ал Акса

Следно

За една година се намалило производството ја јајаца и месо

Latest from Blog

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени (ВИДЕО)

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Пожарникарите, кои пристигнале на

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи
Go toTop