Затворени училиштата во Лос Анџелес поради заканата од пожар

January 8, 2025
1 min read

Канцеларијата за образование на округот Лос Анџелес денеска соопшти дека училиштата во 19 окрузи во тој дел на Калифорнија денеска се затворени поради ширење на шумски пожари. На повеќе од 30.000 луѓе им е наредено да се евакуираат во Јужна Калифорнија откако избувна шумски пожар во населбата Пацифик Палисадес во близина на Лос Анџелес, кој досега остави една жена пожарникар тешко повредена, а неколку други со изгореници, објави Еј-Би-Си Њуз.

Најмалку 220.916 корисници се без струја во округот Лос Анџелес поради пожарот, кој проголта повеќе од 2.900 хектари земја. Поради силните ветрови во Санта Ана, пожарот во Пацифик Палисадес наводно се шири со брзина од пет фудбалски игралишта во минута.

Резиденцијата на потпретседателката на САД, Камала Харис, се наоѓа во источниот дел на зоната за евакуација поради пожарот што избувна во Пацифик Палисадес, предградие на Лос Анџелес, објави денеска Ен-Би-Си Њуз.

Областа околу Лос Анџелес, каде живеат околу 30.000 луѓе, доби наредба да се евакуира откако пожарот избувна вчера во 10:30 часот по локално време во Пацифик Палисадес, и брзо се прошири поради силните ветрови од Санта Ана. Противпожарната служба во Лос Анџелес соопшти дека една жена пожарникар е тешко повредена додека гасела пожар во Јужна Калифорнија.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица, дадени се препораки

Следно

Прв случај на метапневмовирус во Грција

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop