Затворени избирачките места во Турција – почнува пребројувањето на гласовите

May 28, 2023
1 min read

На гласањето на вториот круг од претседателските избори, како што јави Анадолија, излегоа повеќе од 64,1 милиони луѓе, а сега започнува пребројувањето на гласовите за да се утврди исходот од трката помеѓу актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу

Сите избирачки места низ Турција се затворени. Гласањето во вториот круг од претседателските избори, кој се одржува денеска, заврши во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време).

На гласањето излегоа повеќе од 64,1 милиони луѓе, вклучително и над 1,92 милиони кои претходно гласаа на избирачките места во странство, јави Анадолија.

Сега почнува пребројувањето на гласовите за да се утврди исходот од претседателската трка помеѓу актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу.

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

На вториот круг од изборите, својот глас го дадоа и кандидатите Ердоган и Киличдароглу.

Опозицискиот претседателски кандидат и лидер на опозициската Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу, заедно со својата сопруга Селви Киличдароглу, гласаше на избирачко место во Анкара.

Кемал Киличдароглу, лидер на опозициската Републиканска народна партија и неговата сопруга Селви Киличдароглу гласаат на избирачко место во Анкара / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Многу аналитичари очекуваат дека Киличдароглу ќе се соочи со тешка битка за да го замени актуелниот турски претседател Ердоган, откако во првиот круг помина полошо од очекуваното.

На избирачко место во Истанбул денеска гласаше и актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, а на гласањето го придружуваше неговата сопруга Емине Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган гласаат на вториот круг од претседателските избори во Турција / Фото: EPA-EFE/MURAD SEZER

Ердоган е фаворит за победа на изборите, по подобро од очекуваното пласирање во првиот круг од изборите.

Пред две недели се одржаа парламентарните и првиот круг од претседателските избори во Турција. Реџеп Таип Ердоган освои мнозинство во парламентот, додека за претседателската трка се одржува втор круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство, односно повеќе од 50 отсто од гласовите.

Во првиот круг, актуелниот претседател водеше со освоени 49,52 отсто од гласовите, додека неговиот опозициски опонент освои 44,8 отсто од гласовите. Третопласираниот кандидат по број на освоени гласови во првиот круг од претседателските избори, Синан Оган, најави поддршка за Ердоган во вториот круг.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Заврши гласањето во вториот круг од претседателските избори во Туркије

Следно

Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК) ја укина забраната за емитување изборни резултати

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop