Затворање и казни за маркети и увозници поради незаконски високи маржи

March 7, 2025
1 min read

Осум компании, меѓу кои три од најголемите увозници на овошје и зеленчук, добија забрана за работа во траење од 15 дена и високи парични казни поради целосно непочитување на владината одлука за ограничување на бруто маржите. Меѓу затворените компании има и три помали маркети и една аптека, соопшти Државниот пазарен инспекторат, нагласувајќи дека кај увозниците на овошје и зеленчук се утврдени екстремно високи маржи.

„Од влезот на производот на граница до рафтовите во маркетите, просечната бруто профитна маржа изнесува околу 70%. Свесни сме дека пазарот е мал, но 70% е премногу“, изјави Влатко Стојкоски од Инспекторатот.

Контролите опфатија 365 трговци на мало и 64 трговци на големо, односно околу 1.000 продажни објекти и дистрибутери. Непочитување на законите за трговија и заштита на потрошувачите е утврдено кај 36 компании, а за дополнителни 30 субјекти сè уште се обработуваат случаи.

Владината одлука за ограничување на маржите опфаќа над 1.000 производи и важи до 30 април 2025 година. Основните прехранбени производи, како леб, млеко, брашно, јајца и масло за јадење, имаат ограничена маржа од 5%. За месо, шеќер, млечни производи, ориз и тестенини, маржата е 10%, додека за свежо овошје и зеленчук, хигиенски производи и бебешка храна е 15%. Владата очекува дека оваа мерка ќе доведе до намалување на цените на основните производи за околу 10%.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на третиот Правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан

Следно

Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти – цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво

Latest from Blog

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop