Засадени нови 50 садници во Лисиче

March 25, 2023
1 min read

50 садници зимзелени и листопадни дрва засадени денеска во Лисиче во скопски Аеродром. 

-Оваа пролет општина Аеродром ја посветува на здравата и чиста животна средина, а заложбите за одржување позелена и почиста средина денес ги потврдуваме со уште една акција во населбата Лисиче, каде денес беа засадени околу 50 садници зимзелени и листопадни дрва, соопштија од локалната самоуправа. 

Станува збор за партнерска акција која е традиционална и по четврти пат се реализира во соработка со Ротaракт клубот од Скопје.

Во нејзини рамки досега се засадени над 500 садници на различни локации на територијата на општина Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски учествуваше во денешната акција, при што нагласи дека преку овие акции, но и преку секојдневните активности општината создава зелени катчиња, кои треба се баланс на засилената градежна офанзива која се реализираше пред неговото доаѓање за градоначалник во Аеродром.

-Денешниот настан ќе го збогати зеленилото во Лисиче. Општина Аеродром упатува благодарност до партнерите во денешната акција. Во оваа прилика ги покануваме граѓаните, компаниите и невладините организации да го следат денешниот пример и преку вакви слични соработки да ги продолжиме заедничките напори за создавање здрава и чиста животна средина. Во овој период Општина Аеродром реализира неколку проекти за нови паркови и зелени површини во Аеродром, кои се дел нашата долгорочна стратегија за позелена општина со која сите ќе бидеме горди, порача Муцунски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина ко-основачот на Интел, Гордон Мур

Следно

Бугарските овчари ќе протестираат против македонското јагне

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop