Засадени 50.000 дрвја во велешко, за две години 90.000 со акцијте за пошумување „Сончева гора“

November 27, 2023
1 min read

реклама


Денеска во близина на езерото Младост, северно од Велес беа пошумени 23 хектари или 50.000 дрвја на државно земјиште. Над стотина волонтери од Скопје и Велес учествуваа во масовната еколошка акција „СОНЧЕВА ГОРА“ и покажаа дека колeктивниот влог може да обезбеди зелена иднина за нас и за идните генерации. Десетгодишниот проект за обнова на животната средина „ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА“ е во организација на „Мен енд Маунтен“ и се реализира под покровителство на Пивара Скопје и Пакомак и официјалните партнери Шпаркасе банка, Нула Отпад, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми. Проектот се состои од два дела: годишната пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ и акцијата за пошумување на државно земјиште „СОНЧЕВА ГОРА“, што се одвива наесен и ја утврдува Министерството за земјоделство во рамките на годишната програма за пошумување. За секои 10 килограми собран отпад, министерството посветува по едно дрво. 

реклама

 Волонтери од Пивара Скопје и Пакомак дојдоа на терен и ја подржаа акцијата со садење дрва.  „Ваквите акции се исклучително важни за нашата компанија и ни помагаат во поврзувањето на двете најважни стратешки иницијативи – „Свет без отпад“ и намалување на CO2. Во оваа прилика би сакала да ги повикам сите наши партнери во поддршка на ваквите платформи, бидејќи најважната вредност што сите ја делиме е желбата за создавање подобар свет за идните генерации“, истакна Снежана Савиќ Димовска, директор за корпоративни политики и одржливост во Пивара Скопје. Проектот ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА започна во 2021 и ќе биде заокружен во 2031 година, за кој Мен енд Маунтен потпишаа меморандум со Министерството за земјоделство и ЈП Национални Шуми.„За само три години, засадени се 90.000 дрвја и собран е отпад од 615.000 килограми, а досега учествуваа над 25.500 регистрирани волонтери, од кои 10.000 беа деца – нашите „Сончеви пионери““, велат од Мен енд Маунтен. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски потенцираше дека со збогатувањето на шумскиот фонд во земјава обезбедуваме поздрава иднина за сите.

„Го чуваме и развиваме нашето најголемо природно богатство, а тоа се шумите. Си поставивме цел за пошумување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ земјава“. Министерката за животна средина, Каја Шукова истакна дека ја радува фактот што од ден на ден се повеќе развиваме здрави навики кон животната средина.„Ако пролетва собиравме и селектиравме отпад со масовно вклучување на многу партнери од државните институции, локалните самоуправи, бизнис заедницата и младите, сега покажуваме како со иновативен пристап, креативност и волја го рециклираме отпадот од минатото и градиме зелена иднина. „Да се извалкаме“ и да засадиме зелената иднина“, е нејзиното мото.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Смртта на израелското девојче го врати на дневен ред прашањето за воениот Ханибалов протокол

Следно

Повторно е распишан конкурс за директор на МКЦ со истите услови како и минатиот

Latest from Blog

Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова најбрзи на трката во Скопје

Македонските натпреварувачи Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова триумфираа на деветтото издание на „Халк Еко Скопје трча 10км“. Ивановски беше најбрз на патеката и оствари време од 30.59 минути, додека зад себе

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за
Go toTop