Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование

July 9, 2024
1 min read

Запрен е Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно образование, објавен на 9 април 2024 од Министерството за образование и наука. МОН на својата веб-страница објави дека оваа одлука е согласно заклучокот од седницата на Владата во петокот (5 јули 2024) и од причина што ќе следуваат измени и дополнувања на Концепцијата за основно образование.

Како што наведува МОН во објавата за запирањето на Конкурсот, измените на Концепцијата се „во насока на соодветно изучување на научните дисциплини историја, географија, биологија, хемија и физика како посебни наставни предмети, а кои сега се изучуваат интегрирано во наставните предмети „Историја и општество“ и „Природни науки“ (од шесто до деветто одделение)“.

– Истото е со цел учениците потребните знаења, вештини и ставови од овие наставни предмети да ги стекнуваат согласно националните стандарди на крајот од основното образование, како и да се обезбеди меѓународна споредливост на постигањата на учениците на определена возраст во основното образование, наведува МОН.

Во објавата за запирање на Конкурсот кој е објавен пред три месеци, МОН го известува авторот односно авторите кои доставиле ракопис во архивата на Педагошката служба, заклучно со 8 јули 2024 година, дека тој може да се подигне од Педагошката служба најдоцна 15 дена од објавата на ова соопштение.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во петокот на прес-конференција го соопшти заклучокот на Владата за одложување на имплементацијата на дел од Концепцијата што се однесува на седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми, како што рече, „без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За два месеци во Грција регистрирани 2.166 пожари

Следно

РАСПРОДАДЕНА ПРЕМИЕРАТА НА „ЕФТЕРКЛАНГ: МАКЕДОНИУМ БЕНД“ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА СИНЕДЕЈС НА 11 ЈУЛИ

Latest from Blog

Средниот прст на Рафиња, анти-мадридскиот дрес на Јамал и букетот на Педри (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин Синоќешната парада на шампионатот на Барселона по повод освојувањето на титулата во Ла Лига беше исполнета со голем број куриозни моменти кои брзо добија популарност на социјалните мрежи. Во едно

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop