Започнува Културното лето 2025 во Ѓорче Петров

August 21, 2025
1 min read

Утревечер, петок, 22-ри август со почеток во 20:00 часот во Централниот парк под отворено небо со проекцијата на македонскиот филм „До балчак“ на режисерот Столе Попов, кој своевремено беше и македонски кандидат за Оскар, официјално започнува Културното лето во Ѓорче Петров.

Филмот нè носи назад во 1907 година, во време на страст, борба и љубов – со приказна што го оживува духот на нашата историја на еден посебен начин. Влезот за сите граѓани е слободен.

Следниот ден, сабота 23 август, во реонскиот парк со почеток од 19.00 часот граѓаните ќе можат најпрвин да проследат „Баскер перформанс шоу“.

Од 20.00 часот започнува музичкиот дел „На свирка во Ѓорче“, каде присутните ќе уживаат во вистинска рок забава со изведба на безвременските светки хитови на еден од најпознатите македонски клубски рок ен рол бендови – „Деј Оф“ (Day Off).

Со проекцијата стартува богатата програма на Културното лето во Ѓорче Петров која ќе се одвива во наредните 30-ина дена.

Така, во периодот што следи граѓаните можат да уживаа во разновидни културни, уметнички, забавни и естрадни ивенти. Мноштво поп-рок и фолк концерти на познати македонски естрадни уметници и групи, проекции на македонски играни и анимирани филмови, мултимедијални и интерактивни програми, базар, работилници, ликовна уметност и уметнички перформанси, настапи на фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва, фестивалски изведби на песни за деца и возрасни, фестивал на уличен театар и баскер перформанси… И уште многу други разновидни содржини за сите вкусови и сите генерации.

Централниот парк на општина Ѓорче Петров, но и уште неколку други локации во општината во следните триесетина дена ќе се прераснат во лулка на културата, уметноста и забавата за сите возрасти како за граѓаните на Ѓорче, така и за сите останати.

„Ве очекуваме на дружење под ѕвездите да ја споделиме магијата на филмот и заедно да го започнеме културното лето во Ѓорче Петров“ – порачуваат во својот повик од општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски!

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Myworld“, наследникот на Лајонес во стечај – која е причината?

Следно

Божиновска и Љатифи ја зајакнуваат соработка со KfW за модернизација на енергетскиот систем

Latest from Blog

Сведокот Марковски: Задниот излез во дискотеката бил нефункционален по реновирањето

Сведокот Петар Марковски на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 210 беа повредени, рече дека видел како огнените прскалки го запалиле плафонот

Француска и јапонска компанија заинтересирани за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Француска и јапонска компанија се обратиле до Министерството за енергетика со интерес за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа потенцира дека, иако најдобро би било

Димитриеска-Кочоска: Нелегално стекнатиот имот ќе се враќа во корист на граѓаните

Денеска беше одржана конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, има силна практична тежина во борбата против финансискиот криминал.

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на
Go toTop