Божиновска и Љатифи ја зајакнуваат соработка со KfW за модернизација на енергетскиот систем

August 21, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и директорот на МЕПСО г Бурим Љатифи остварија работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, посветена на унапредување на соработката во делот на енергетската инфраструктура и регионалната интерконекција.

На средбата беше разговарано за неколку клучни проекти во партнерство со АД МЕПСО, кои се од стратешко значење за стабилноста и модернизацијата на електроенергетскиот систем:

• Подготовка на нов Правилник за мрежата (Grid Code) усогласен со новиот Закон за енергетика и Четвртиот енергетски пакет на ЕУ. Во рамки на ова, ќе се обезбеди техничка помош, а постапката за набавка ќе биде спроведена според процедурите на KfW.

• Интерконектор Северна Македонија – Косово (400 kV): како прв чекор, ќе се изработи прет-физибилити студија која ќе ги опфати потенцијалните траси и еколошките аспекти. За ова е договорена заедничка апликација до WBIF за техничка помош и понатамошна поддршка на проектот.

• Јакнење на електропреносната мрежа со приоритетни линии:

• 110 kV Струја – Куманово – Крива Паланка,

• 400 kV Штип – Радовиш – Струмица – Петрич/Сандански (Бугарија).

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за продолжување на билатералните средби и за убрзување на процесите со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем, подготвен да го апсорбира растот на обновливите извори на енергија.

„Регионалното поврзување и модернизацијата на електропреносната мрежа се предуслов за стабилен и сигурен енергетски систем. Соработката со KfW е значаен поттик за реализација на проекти што ја зајакнуваат позицијата на Северна Македонија во европската енергетска мапа и го поддржуваат енергетскиот транзициски процес,“ изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и натаму ќе работи на забрзување на стратешките инвестиции во енергетиката, во партнерство со меѓународните финансиски институции и домашните енергетски компании.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започнува Културното лето 2025 во Ѓорче Петров

Следно

Божиновска се сретна со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на САД во Македонија

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop