Започнува изградбата на нов мега-парк во Чаир, еве како ќе изгледа

March 14, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави дека започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди.

Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник.

Во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.

Програмата „За Модерно Скопје“ ја реализираме во целост, и никогаш нема да отстапиме од она што сме го ветиле пред граѓаните, кои заслужуваат нови зелени и паркови површини, вели Арсовска. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Според Фон дер Лајен, Србија и Косово треба да го прифатат европскиот план за нормализација на односите

Следно

Кина ги отвора своите граници за странски туристи по првпат од 2020 година

Latest from Blog

Јапонија одобри дополнителни санкции против Русија

Јапонската влада денес одобри дополнителни санкции против Русија, замрзнувајќи ги средствата на 51 група и 14 поединци поради војната во Украина. Како што изјави Министерството за надворешни работи на Јапонија, ова се

Туфахија

Состојки: 8 јаболка со средна големина (околу 1,5 кг) 200 грама шеќер 100 грама ореви 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир во прав 1 белка 1 лимон 1 шлаг 1 литар вода

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава

Ѓорѓиевски: Имињата на македонските партизани се запишани со златни букви

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на патронатот на општинската организација на Сојузот на борци на Македонија и на општинската организација на
Go toTop