Започнува дигиталната трансформација на локално ниво – Центарот за развој на Скопскиот плански регион стана дел од значаен ЕУ Интеррег Проект

January 23, 2025
1 min read

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е првиот македонскиот партнер кој учествува во спроведувањето на ЕУ проект кофинансиран во рамки на програмата Интеррег ИПА Адрион, посветен на дигиталната трансформација  и  нејзино усогласување  во целиот овој регион преку креирање на заедничка рамка за локален дигитален модел. Овој проект, кој е насловен „ПАДРИОН“, има за цел да ја зајакне иновативноста во јавните администрации преку соработка на партнери од 7 земји од Јадранско-јонскиот регион: Албанија, Хрватска, Грција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Носител на 36-месечните проектни активности е организацијата „Лепида“ од Болоња, Италија.

ПАДРИОН (Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација како заедница од областа АДРИОН) се фокусира на развивање алатки како што се локални дигитални агенди и тематски заедници, креирање на модел кој може да се реплицира, пилотирање на приспособени решенија и доставување заеднички акционен план со насоки за долгорочна одржливост. Овој пристап има за цел да ги направи дигиталните услуги подостапни, инклузивни и усогласени со реалните потреби на локалните заедници, истовремено поттикнувајќи ја соработката меѓу институциите, граѓаните и бизнисите.

Проектот, кој има за цел да придонесе кон дигиталната трансформација во Јадранско-Јонскиот регион, минатион месец веќе го одржа својот конститутивен состанок во Болоња. На состанокот беше презентирана регионалната дигитална стратегија на регионот Емилија Ромања, а партнерите ги дефинираа првичните чекори за имплементација на проектот, вклучувајќи го работниот план и организационите и финансиските аспекти на проектот.

Во следниот период, се очекува интензивно развивање на моделот за спроведливи дигитални решенија на локално ниво „ПАДРИОН“, а од Центарот за развој на Скопскиот плански регион најавиваат вклучување на претставници од граѓанскиот и приватниот сектор кои заедно со дел од општините и надлежните владини министерства за локална самоуправа и дигитална трансформација ќе работат на успешна реализација на проектните активности во земјава. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маријановиќ во 24 анализа: Срамно е во држава со 300 000 административци да нема соодветен регистар на пациенти заболени од рак

Следно

Омерагиќ и Пандев на средба со Елмас: Доаѓаат големи работи (ФОТО)

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop