Започна реконструкцијата на уште една фасада на станбен објект во Центар

March 29, 2023
1 min read

Општина Центар започна со реконструкција на фасадата на станбениот објект бр. 81 на бул. „Илинден“, со површина од 2.200 квадратни метри.

На овој потег, во тек е реконструкција на стара и оштетена фасада на колективна станбена зграда што покрај енергетската ефикасност, ќе добие и нов лик што ќе го збогати целокупниот амбиент.

„Ќе се задржи нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Реконструкцијата подразбира поставување термичка изолација врз целата фасада, како и изведување на други градежно-занаетчиски работи што се неопходни за нејзина реализација (лимарски работи, демонтажа на уреди за ладење и греење, натстрешници, решетки и сл.).

Рокот за извршување на работите е до крајот на јуни оваа година.

За реализацијата на овој проект Општина Центар одвои 70 % од вкупната инвестиција, а 30 % се инвестиција на Заедницата на сопственици на станови на бул. „Илинден“ бр. 81. Општина Центар наскоро ќе објави и нов Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрaчјето на Општина Центар за субвенционирање на реконструкција на фасади.

За оваа намена од Буџетот се издвоени околу 7.000.000 денари.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден ги негира обвинувањата за мешање на САД во внатрешните работи на Израел

Следно

Русија започна вежби со интерконтинентални балистички ракети

Latest from Blog

Претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница во посета на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посетат претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница. Како што информираат од собраниската прес-служба, претставниците на Меѓународната организација – Транспортна заедница ќе остварат средба

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на

Трамп: Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел се согласил на „потребните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. Во објава на неговата платформа
Go toTop