Запалено возилото на новинарот и сопственик на регионалната Телевизија МНЕТ

October 24, 2024
1 min read

Рано утринава беше запалено возилото во дворот на семејната куќа на директорот на регионалната Телевизија М НЕТ, Благој Серсемов. Возилото е целосно опожарено, Серсемов вели дека ова го смета за директен удар врз сите медиуми, не само кон него лично, а загрозена е безбедноста и на членовите на неговото семејство.

Од Основното јавно обвинителство во Штип информираат дека издадена е наредба и насоки за расчистување на случајот, ќе се прави проверка и дали постојат евентуални снимки од видео надзор на подрачјето каде е опожарено возилото.

– Наредбите се да се извршат соодветни вештачења со кои ќе се утврдат причините за пожарот и идентификација на можен сторител на евентуално кривично дело. По наредбите и насоките постапува Министерството за внатрешни работи и вешто лице од Дирекцијата за заштита и спасување, велат од ОЈО-Штип.

Во меѓувреме со реакција се јавија од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), од каде остро го осудуваат вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов.

– Инцидентот се случил во текот на изминатата ноќ во кој патничкото моторно возило на новинарот и уредник од штипската телевизија М-нет, било запалено од страна на непознати сторители во дворот на неговата семејна куќа. Со ова сторителите ризикувале да нанесат и поголема штета во смисла на изложување на потенцијален ризик по безбедноста на членовите на семејството на новинарот и на неговите соседи. – се вели во денешното соопштение од ЗНМ.

Од ЗНМ велат дека Серсемов за ова тенденциозно уништување на неговиот личен имот изјавил дека ова го смета за директен удар врз сите медиуми, не само кон него лично, туку оти е загрозена безбедноста и на членовите на неговото семејство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Јерликаја: Завршена идентификацијата на терористите кои го извршија нападот во Анкара

Следно

Седми предвремени избори во Бугарија во последниве четири години

Latest from Blog

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите
Go toTop