Замрзнати водопадите Катерскил во САД, зимска бура им се заканува на над 60 милиони луѓе

January 6, 2025
1 min read

КАТСКИЛ (АА) – Фасцинантниот водопад Катерскил Фолс, сместени во регионот Катскил во американската сојузна држава Њујорк, замрзнаа поради екстремниот студ што го зафати подрачјето, јавува Анадолу.

Драматичната трансформација на водопадот во гигантска ледена скулптура го покажува студениот бран што зафати големи делови од североисточниот дел на Соединетите Американски Држави.

Спуштајќи се низ две каскади со височина од речиси 80 метри, Катерскил Фолс е една од најпопуларните дестинации во регионот со векови.

Инаку, метеоролозите предупредуваат за силна зимска бура што се очекува да погоди над 60 милиони луѓе низ целата земја.

Се прогнозира дека невремето ќе донесе обилни врнежи од снег, услови за мраз и опаѓање на температурите, создавајќи опасни услови за патување и потешкотии во секојдневниот живот.

Надлежните ги повикаа жителите да бидат претпазливи, да подготват залихи за итни случаи и да бидат во тек со советите за временската состојба во подрачјето. Како што се наближува бурата, жителите се подготвуваат за она што може да биде еден од најголемиот студ во зимската сезона.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве зошто на БАДНИКОВАТА ТРПЕЗА треба да имате непарен број јадења, а оваа намирница е задолжителна покрај лепчето со паричка

Следно

Хаос во Осиек: Хулигани се тепаа на улица и тоа по – локален кошаркарски меч (ВИДЕО)

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop