Замина Коле Манев, сликарот на болката на егејскиот егзодус

January 23, 2025
2 mins read

На 83 годишна возраст, почина нашиот истакнат академски сликар Коле Манев.

Коле Манев е познат македонски ликовен уметник и филмски работник од областа на документаристиката. Со своите уметнички дела беше познат и признат не само во Македонија, туку и на Балканот и пошироко. Коле Манев тргна од селото Бапчор, Костурско во егејскиот дел на Македонија и стаса до Париз. За своето ликовно творештво го доби одликувањето „Почесен витез на творештвото“ .

Ликовниот уметник  Коле Манев досега имал на многубројни самостојни изложби, а учествувал и на неколку групни претставувања во Париз, во Франција. Неговото име е поврзано со организирање на ликовни претставувања на македонски уметници во Франција и на француски уметници во Република Македонија.

Од досегашните претставувања на македонската ликовна уметност во Париз, на Манев може да се издвои изложбата на ДЛУМ во 1996 година по повод 50 години од постоењето на друштвото и изложбата „Ликовни средби“, а во Амбасадата на Македонија во Париз, тој го има претставено својот богат опус, изложувајќи дваесетина дела.

Коле Манев е роден на 5 април 1941година во селото Бапчор, во егејскиот дел на Македонија. Тој е сликар и филмски работник од областа на документаристиката. Како дете – протерано, заминал во непознат правец заедно со дваесеттина илјади Македончиња протерани од Егејска Македонија.

Во неговата биографија е запишано дека повеќе години живеел во детски домови во Романија (1948–1956), каде што го завршил основното училиште, а потоа, се вратил во Република Македонија, каде го завршил Уметничкото училиште во Скопје (1956–1960) и студирал на Ликовната академија во Белград (1960–1964). Член е на ДЛУМ и на ДЛУПУМ. Приредил повеќе самостојни изложби (Париз, Скопје, Софија и други места). Неговиот филм „Баскавските извори“ ја освоил првата награда на ТВ фестивалот во Блед (1972), а со долгометражниот документарен филм „Тулгеш“ освоил Гран-при на Мартовскиот фестивал во Белград (1977). Бил претседател на ДЛУМ (2006).

Од 1984 година, како самостоен уметник, интензивно му се посветил на сликарството со чести патувања во Париз каде ги реализирал првите самостојни изложби. Авторот е добитник и на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство. Меѓу другото, добитник е на признанието „Почесен витез од областа на уметноста и науката“ на Министерството за култура на Република Франција, наградата „Нерешки мајстори“, четворократен добитник е на наградата „Мал-формат“, како и наградите за „Цртеж“ на ДЛУМ, „Наше историско минато“ и наградата на Ликовната манифестација во Цетиње.

Беше член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1974 година. Има реализирано повеќе од дваесет самостојни изложби и учесник е на многубројни групни изложби. Живееше и работеше во Скопје и во Лазарополе.

За Коле Манев се велеше дека е сликар на човечката болка и неспокој. Тоа е дел од животот на откорнатите, на луѓето раштркани низ светот, духовно осакатени, во кои копка немирот по детството и по згаснатото родно огниште. Оттука и нагласениот неспокој и тага во очите на неговите ликови, оставени на крстопатот во осамата на ноќта да водат дијалог со долгата и траорна тишина.

Тој е македонски еминентен сликар, но во исто време и автор на филмското творештво. Манев работел и како режисер на анимирани и документарни филмови, а има напишано и повеќе сценарија.

4.0

За неговото творештво, академикот Анте Поповски од Лазарополе ќе го напише следното: „Коле Манев творештвото го восприема како веристички одраз на автономни и специфични духовни суштини. Нивниот веризам не е фотографски препис ниту, пак, фиктивно поимање на животот: подеднакво во овие цртежи има и традиционалистички, и романтичарски – и антитрадиционалистички и антиромантичарски тенденции. Неговиот веризам е конзистентна теза според која животот вон нас е само маргинален одраз на индивидуалните суштини. Нашиот внатрешен немир, соѕидан од блокови психоматерија, е во постојан довик со отуѓувањето и безизлезот“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Возете внимателно, намалена видливост на повеќе патни правци

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Венко и Пеце Мирчевски во заштита на приватни бизниси, се утепаа од лажење да заштитат профит на блиска фирма за обезбедување која заработувала пола милион евра екстра годишно

Latest from Blog

Погребот на папата Франциск во сабота

Во сабота во 10 часот ќе почне погребот на папата Франциск. Десетици кардинали од целиот свет итно се сретна во Рим каде беа договорени деталите за последното испраќање на поглаварот на римокатоличката

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор

Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, јавува Анадолу. Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите.
Go toTop