Законски измени, се забрануваат нелегалните онлајн коцкарници

February 4, 2025
1 min read

Преку законска измена се забрануваат нелегалните онлајн коцкарници, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски за студио 10 на ТВ 24 објаснува дека во Македонија ниту една приватна институција нема лиценци за приредување онлјан игри на среќа, но дека, сепак, се присутни.

Детектирани се околу 160 провајдери што се присутни на македонскиот пазар, а немаат лиценца за организирање онлајн игри на среќа. Тој вели дека се известени за измените глобалните приредувачи на игри на среќа што не добиле и никогаш не аплицирале за лиценца во Македонија. 

Од Асоцијацијата на спортски обложовалници за телевизија 24 велат дека овие промени позитивни и не може било кој да приредува игри на среќа во земјава а да немааат соодветни лиценци. 

Во собраниска процедура се влезени измените на Законот за електронски комуникации, а Андоновски очекува предлог- измените на законот да бидат прифатени од сите политички партии во Парламентот. 

Според  надлежните ова е еден од начините да се спречи младите да имаат пристап до нелегалните онлјан игри на среќа и да споделуваат податоци што може лесно да бидат злоупотребени.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган во Анкара оствари средба со сирискиот привремен претседател Ал-Шара

Следно

Груевски се радува на стопираната американска помош – вели дека демократите, со кои великодушно се фотографираше, ја рушеле неговата влада

Latest from Blog

Албанците од Општина Бутел му даваат трипати поголема поддршка на градоначалникот Костовски отколку на поранешниот градоначалник од СДСМ во 2023 година

Анкета спроведена меѓу 1.100 граѓани на Општина Бутел покажува значителна промена во перцепцијата на граѓаните Албанци кон актуелниот градоначалник Дарко Костовски. Според резултатите, од 228 анкетирани Албанци, 44,7% позитивно или делумно позитивно

Дефанзивецот на Наполи ќе паузира околу три месеци

Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно ќе паузира околу три месеци, откако му беше направена операцијата на лигаментот на десното колено. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти првите десетина мечеви од шампионатот

Спречен е обид за атентат врз Трамп- уапсен е тиктокер, ФБИ со вознемирувачки детали (ВИДЕО)

44-годишен маж од Тенеси е обвинет за објавување бројни насилни закани на интернет, ветувајќи дека ќе ги убие американскиот претседател Доналд Трамп, директорот на ФБИ, Кеш Пател и неколку локални функционери, предупредувајќи

Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова по средбата со претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

Во рамки на официјалната посета на индиската претседателка, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката Друпади Мурму. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувана госпоѓо претседателка,

Над 13 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.426,80 поени. Во
Go toTop