„Законот е јасен“: Огласот за вработување во Липково поништен по претставката за дискриминација од страна на министерот Минчев

January 10, 2025
1 min read

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја поздрави брзата и професионална реакција на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кој по применета претставка утврди дека огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, е објавен во спротивност со важечките законски прописи.

Државниот инспекторат за труд информираше дека на 8 јануари 2025 година, по добиената претставка, извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈКП „Пиша“, при што е потврдено дека огласот за вработување на четири лица не ги исполнил законските барања, согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Правилникот за задолжителни елементи на јавните огласи. Како резултат на ова, огласот беше поништен, а работодавачот е известен за потребата за отстранување на неправилностите.

Министерот Минчев изрази задоволство од преземените мерки, кои обезбедуваат почитување на законските норми и гарантирање на правото на еднакви можности за сите граѓани. Министерот нагласи дека е возможно функционирање на институциите и дека Министерството за јавна администрација ќе продолжи со активна работа на унапредување на системот на вработување во јавниот сектор, со цел обезбедување на праведни, транспарентни и стручни процеси.

„Законот е јасен – вработувањата во јавниот сектор треба да се базираат на квалификации, компетенции и транспарентност, а не на етничка или друга дискриминаторска основа. Ваквиот пристап ја нарушува довербата во институциите и заштитата на правата на сите граѓани. Политичката волја за почитување на законите треба да биде основен принцип на секоја јавна институција“, изјави министерот Минчев при поднесување на претставката.

Министерството за јавна администрација, како носител на процесите на реформа во јавниот сектор, ќе продолжи со напорите за обезбедување на јавни институции кои ќе бидат темелени на принципите на стручност, етика и професионализам, велат од министерството.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти доколку имаат рок на важење, вели Тошковски

Следно

Поништен огласот за вработување во Липково по претставката за дискриминација од министерот Минчев

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop