Загрижувачки случаи на врсничко насилство – системот често доцни со реакција

June 6, 2025
1 min read

Дете со попреченост удирано и навредувано од соученик, 15годишно девојче истепано од група на соученички а снимката споделена на социјалните мрежи, третоодделенки малтретирале соученик да бакнува училишни тоалет шолји – ова се само дел од последните запрепастувачки случаи на врсничко насилство кои ја отворија дискусијата во општеството зошто децата стануваат насилни?

Децата кои ги малтретираат своите соученици, често и самите биле физички и емоционално злоупотребени, голем дел од нив сведочеле семејно насилство а некои биле и сексуално злоупотребени покажува студијата за врсничко насилство во Македонија, со кои се посочува дека насилството кое започнува дома, влијае врз децата да се однесуваат насилнички на училиште.

Ширење лаги и озборување на своите соученици, тепачки, дофрлување на погрдни имиња, и исклучување од друштвото се најчестите видови на малтретирање кои ги доживуваат децата на возраст од 11-15 години, со тоа што девојчињата почесто се жртви на вакви врснички злоупотреби додека пак момчињата се во улога на насилници, иако и тие не се поштедени од насилство, истакнува студијата. Директорите на училиштата мора да пријават случаи на врсничко насилство, но наставниците се клучни во превенцијата, велат од Министерството за образование.

Кон крајот на минатиот месец, комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дека основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ не превзело ништо да заштити ученик со попреченост од врсничко насилство. Иако насилството било пријавено од родителите, директорот на училиштето им рекол дека нивното детето мора да се навикнува на таков однос а не да плаче.

Оваа учебна година до МОН пристигнале 48 пријави за врсничко насилство, 28 веќе биле решени, додека за преостанатите 20, поради комплексноста на случаите на врсничко насилство, вклучени се и надлежни институции, информираат од министерството.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија

Следно

Во Прилеп свечено ќе биде отворен 59. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop