ЗАГРЕПСКИОТ МУЗЕЈ ЗА УМЕТНОСТ ПО 71 ГОДИНА ЌЕ ИЗЛОЖИ 24 ДЕЛА ОД СТУДЕНТСКИТЕ ДЕНОВИ НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА АКАДЕМСКА СЛИКАРКА МЕНА СПИРОВСКА

May 10, 2025
1 min read

Дваесет и четири дела од Мена Спировска (1928-2011), првата македонска академски образована сликарка, на 13 мај ќе се изложат во Културно информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Загреб (19 часот). Изложбата е насловена „Визуелна фасцинација со Загреб“, а е иницијатива на Музејот за уметности и занаети  од Загреб во соработка со македонскиот КИЦ во Хрватска. Изложбата е во рамки на одбележувањето на 145-годишнината на загрепскиот музеј.

„Како гром од ведро небо ја примив веста дека во Хрватска се организира изложба на мојата мајка. Прво добив е-пошта од Музејот за уметности и занаети  од Загреб дека ме информираат за изложба со дела од Менче. Се заблагодарив и ѝ им напишав дека се радувам дека мојата мајка е дел од групна изложба. Потоа ми вратија дека не станува збор за групна изложба, туку дека е изложба со само нејзини дела. Јас се изненадив, се воодушевив. Не ни знаев дека има таму нејзини дела. Менче студирала на Академијата за применети уметности во Загреб, и во последната година од студии, сликала дела кои се останати во сопственост на Музејот за уметност и занаети од Загреб. Замислете, графиките и цртежите на Менче ги чувале 71 година и решиле да ѝ направат изложба. Мене лично ми претставува огромна чест да бидам присутна на отворањето на самостојната изложба на мајка ми во Загреб“, ни изјави нејзината ќерка, Елизабета Аврамовска, професорка на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Мена Спировска, позната како Менче, е сопруга на еден од основоположниците на македонската модерна уметност, сликарот и графичар Драгутин Аврамовски-Гуте, и има  огромно влијание за истата таа модерност и еманципација на македонското општество, во периодот по Втората светска војна.

Плакатот за изложбата. (Фото: Фејсбук)

Спировска творела графики и има релативно мал опус, бидејќи престанала да создава во 1962 година, но нејзиното графичко творештво се оценува како тогашен храбар чекор, како нова визија која сосема раскрстила со соцреализмот и се определила за нешто тогаш ризично, што набрзо потоа, а и денес, половина век потоа, се покажува како висока вредност не само во Македонија туку и во светот.

Во 2016 во Музејот на Град Скопје беше отворена нејзина ретроспективна изложба во Музејот на Град Скопје.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гореше бутик во Карпош

Следно

Обид за убиство во Скопје: Турчин со капак од шахта се обидел да убие сонародник

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop