Загина девојче (9), сестричката се бори за живот по тешка сообраќајка во Грција- биле на одмор, мајката се забила во дрво

August 28, 2025
1 min read

Девојчињата биле во автомобилот со нивната мајка кога се случила несреќата. Според медиумските извештаи, несреќата се случила на покраинскиот пат Катерини-Дион во Неа Ефесос, кога, под сè уште нејасни околности, мајката ја изгубила контролата врз автомобилот, поради што излетала од патот и удрила во дрво.

Помладата сестра починала на лице место, додека постарото девојче е однесено во болница со тешки повреди. Нејзината состојба е сериозна, но стабилна, соопштија лекарите. Мајката се здобила со полесни повреди во несреќата.

Семејството живее во Германија и дошло во Грција на одмор и во посета на роднините, бидејќи таткото на девојчето е Грк. Според информациите од нивното семејство, автомобилот ѝ припаѓал на свекрвата на жената и таа отишла на шопинг со децата кога се случила трагедијата.

По несреќата, мајката била уапсена и пуштена по усна наредба од обвинителот на Кривичниот суд во Катерини. Дополнително, резултатот од тестот за алкохол направен врз мајката на децата бил негативен. Како што беше утврдено по пристигнувањето на полицијата на местото на трагедијата, ниту мајката ниту двете девојчиња кои биле во автомобилот не користеле безбедносни појаси.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блатер и Платини може да здивнат… судот не ги гони повеќе

Следно

ВИДЕО: Премиерот Мицкоски на Голема Богородица го посети манастирот во Берово

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop