Загина 22-годишна девојка откако во неа удри автомобил на „Партизанска“

January 30, 2025
1 min read

Дваесет и двегодишна девојка го загуби животот откако синоќа во неа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје удрил автомобил „пежо“ управуван од 20-годишно лице. По несреќата извршен е увид, возачот е задржан, а се издаваат наредби за обезбедување снимки од видео надзор на локацијата. 

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот, информираат од Републичкото јавно обвинителство.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на нереќата.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина.

Исто така, јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нико Ковач нов тренер на Борусија Дортмунд

Следно

ЕК планира тужби против членките на ЕУ што нема да ги спроведуваат мерките за намалување на бирократијата

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop