За среќа, тука е Pepco: Омилениот европски бренд на18 јуни истовремено отвора две продавници воСкопје!

June 12, 2026
1 min read

СКОПЈЕ, јуни 2026 – Одбројувањето конечно заврши. Водечкиот европски дисконтен ланец за разновиднастока, Pepco, официјално го потврди својот големвлез на македонскиот пазар. Во четврток, на 18 јуни, со почеток во 10:00 часот, главниот град ќе ја удвоисвојата шопинг инспирација со симултаното отворањена првите две продавници во Капитол мол (Capitol Mall) и Рамстор мол (Ramstore Mall).

Со ова значајно лансирање, Северна Македонијаофицијално станува 19-тата европска дестинација намапата на Pepco. Со тоа дополнително се зацврстувапозицијата на Групацијата како еден од најбрзорастечкитепаневропски дисконтни ланци за разновидна стока, којрасполага со над 4.000 продавници и опслужува повеќеод 36 милиони задоволни потрошувачи секој месец.

„За среќа, тука е Рерсо“ – нова ера на достапен стил

Филозофијата на Pepco е едноставнo прекраснa: да гонаправи секојдневието на семејствата полесно, поживописно и поинспиративно, без притоа да направаткомпромис со нивниот буџет. Македонските потрошувачиконечно добиваат дестинација за сите секојдневнипотреби – место каде што семејствата можат да откријатмода, производи за домот и практични предмети кои се вочекор со трендовите, со добар квалитет и пристапни цени.

Без разлика дали станува збор за детски маички од 100% памук по цена од само 120 денари или за модернидодатоци за домот, Pepco пристигнува за да докаже дека вистинскиот стил е навистина достапен.

Глобална визија со силен локален пулс

Зад овој голем пазарен влез стои одлично осмисленакорпоративна стратегија, фокусирана на приближувањена меѓународниот шопинг стандард директно долокалните семејства.

„Влезот на пазарот во Северна Македонија е природен илогичен следен чекор во континуираниот развој на Pepco. Нашата цел е едноставна — на потрошувачите да импонудиме паметни решенија за нивните секојдневнипотреби, квалитетни производи и непобедливо лидерствово цените, и сето тоа во формат на продавници кои се воблизина, практични и едноставни за купување“, изјавиБогдан Григориу, регионален директор за операции воPepco.

Големо отворање исполнето со забава иизненадувања

Денот на големото отворање, 18 јуни, ќе го трансформираСкопје во вистинска прослава на шопингот. Во Капитолмол, атмосферата ќе биде збогатена со специјалноподготвена забавна зона каде што посетителите ќеуживаат во енергичните ритми на познатиот локален DJ Игор Ризински, бесплатен штанд за свежи пуканки ипопуларната фото–кабина каде што секој ќе може данаправи свој персонализиран фото–магнет за спомен.

За да се поттикне уште поголема возбуда, специјалниподарок–ваучери ги очекуваат првите купувачи кои ќезастанат во редот во Капитол мол, додека динамичнитепромотивни тимови ќе делат „Draw & Win“ картички. Сонив, купувачите ќе имаат можност да освојат брендираниподароци како шишиња за вода, платнени торби запазарување и маици.

Забележете го датумот во вашите календари ,18 јуни во10:00 часот упатете се кон Капитол мол и откријте зоштоцела Европа вели: За среќа, тука е Pepco!

***

За Pepco:

Pepco е водечки паневропски дисконтен ланец заразновидни производи  со над 4.000 продавници во18 земји, кој нуди облека за целото семејство, како ипокуќнина и играчки по исклучително привлечницени. Основана пред 22 години во Полска, компанијата денес е дел од Pepco Group. Pepco вомоментов вработува над 32.000 луѓе и опслужува 36 милиони потрошувачи месечно.

Pepco Group котира на Варшавската берза (WSE: PCO). За повеќе информации посетете ја www.pepcogroup.eu

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 со минимален раст, најголем интерес за Македонијатурист Скопје

Следно

Димитриеска-Кочоска: Македонија значително ги зајакна капацитетите за управување со јавниот долг

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop