За првпат брод натоварен со храна тргна кон Газа

March 12, 2024
1 min read

За првпат во повеќе од пет месеци војна, брод натоварен со храна денеска го напушти Кипар и исплови кон опколениот Појас Газа, додека Израел продолжува со бомбардирањето, а населението е на работ на гладта.

Бродот на шпанската невладина организација „Отворени раце“ го напушти пристаништето во Ларнака, кое се наоѓа на околу 370 километри од Газа. Тој плови низ хуманитарниот коридор воспоставен од Европската Унија и неколку други земји.

Бродот е натоварен со 200 тони храна која низ Газа ќе ја дистрибуира американската организација World Central Kitchen, чии тимови почнаа да градат пристаниште за истовар. Кипар, најблиската членка на ЕУ до Газа, објави дека подготвува втор, многу поголем товар.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, пред Советот за безбедност на ОН ја осуди употребата на гладта ​​како воено оружје.

„Оваа хуманитарна криза не е природна катастрофа (…) таа е предизвикана од човек“, рече тој.

Повеќе од една недела, арапските и западните земји секојдневно доставуваат помош од воздух и заедно со Европската унија воспоставија поморски коридор до опустошената палестинска територија под израелска опсада.

Бидејќи огромното мнозинство од 2,4 милиони жители на Газа се изложени на ризик од глад, ОН повторуваат дека оваа помош не може да ја замени копнената рута контролирана од израелските власти.

„Треба да има 300 камиони со храна кои влегуваат во Газа секој ден“, рече директорката на Светската програма за храна Синди Мекејн.

„Времето истекува. Гладниот народ на Газа не може повеќе да чека“, рече таа.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ескобар утре во Приштина на средби со државното раководство и со опозицијата

Следно

Владата на седница утврди текстови на два предлози на закони во областа на енергетиката

Latest from Blog

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Житие Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и

Нови паркинг решенија и корекција на цените – Коњановски во посета на ЈП „Паркинзи“

За работата на јавното претпријатие „Паркинзи“ денеска средба на директорот на ова јавно претпријатие Зоран Михајловски кој беше домаќин на градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Михајловски го информираше градоначалникот на Битола за

ЛШ се враќа: Две кола до финалната одлука за пласман меѓу најдобрите осум!

Вечерва се враќаат фудбалските возбудувања во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА со мечевите од претпоследното 7. коло во главната фаза. Конкуренцијата за место во првите 8 е огромна, а

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 300 дронови и ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија започнала напад врз Украина преку ноќ, користејќи повеќе од 300 беспилотни летала и „значаен“ број балистички и крстосувачки ракети. Во објава на X, Зеленски изјави
Go toTop