За прв пат по две децении, Израел распоредува тенкови на окупираниот Западен Брег

February 23, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – За прв пат во повеќе од две децении, денес израелската војска распореди тенкови на окупираниот Западен Брег поради, како што вели, воената ескалација на окупираната територија, пренесува Анадолу.

Во соопштението на армијата се вели дека трупите на пешадиската бригада Нахал и единицата командоси Дувдеван започнале операции во неколку села во близина на Џенин во северниот дел на Западниот Брег.

Израелскиот јавен сервис КАН соопшти дека распоредувањето тенкови е дел од „пошироките подготовки за проширување на воените операции во северниот дел на Западниот Брег“.

Тоа е прв пат од 2002 година израелската армија да распореди тенкови како дел од операцијата „Одбранбен штит“ на Западниот Брег.

Израелската војска од минатиот месец спроведува воени операции во северниот дел на Западниот Брег, во кои се убиени најмалку 60 Палестинци, а илјадници се раселени.

Во рациите кои ги спроведува израелската војска на Западниот Брег од 7 октомври 2023 година, кога започна израелската офанзива врз Појасот Газа, убиени се најмалку 923 Палестинци, а речиси 7.000 се повредени во нападите на израелските сили и илегалните еврејски доселеници, според палестинското Министерство за здравство.

Меѓународниот суд на правдата во јули објави дека долгогодишната окупација на палестинските територии од страна на Израел е нелегална, и побара евакуација на сите еврејски населби на Западниот Брег и Источен Кудс (Источен Ерусалим).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски за говорот на Џеј Ди Венс: Тоа е новото нормално кое доаѓа од Вашингтон и кое ќе го преплави светот

Следно

ТК Бутел најуспешен Таеквондо клуб за 2024 година

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop