За оваа песна сите мислиме дека е романтична, а крие мрачна тајна: Еве каква приказна раскажува „You’re Beautiful“

March 5, 2024
1 min read

Песната на Џејмс Блант „You’re Beautiful“ многумина ја бираат за прв танц на својата свадба. Сепак, пејачот кој неодамна наполни 50 години, во новото интервју за „Хафпост“ (HuffPost) објасни дека тоа е ужасен избор.

-Сите велат: „Ах, каква романтична песна. Сакам ‘You’re Beautiful’ да ни биде првиот танц“. Токму тоа ќе ги зафркне тие луѓе. Јас не сум романтичар, ниту пак, тоа е нежна, романтична, е**на песна!, нагласи Блант.

Имено, кажано од самиот автор на песната – таа раскажува за маж кој демне туѓа жена во метро.

– Се работи за дечко кој издрогиран стои во метро и демне туѓа девојка додека нејзиното момче е токму таму пред него. Треба да го затворат или да го стават во затвор тој перверзник!, истакна британскиот поп-пејач.

Песната важи за најуспешен хит на Блант. Пред скоро 20 години, оваа нумера го запоседна првото место на топ-листите во Велика Британија, САД, Австралија и низа други земји ширум светот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гугл ја оплеска со Џеминај

Следно

Што е „супер вторник“ и зошто е важен?

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop