За новогодишните и божиќните празници нема примено пациенти со повреда од петарди

January 9, 2023
1 min read

За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства.

– Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

Во предновогодишниот период, од 19 до 29 декември 2022 година, Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Eвропската медицинска студентска асоцијација (ЕМСА – Македонија) спроведоа кампања „Петардите ги уништуваат празниците“.

Посочуваат дека кампањата беше со едукативен карактер за последиците од примената на петарди и пиротехнички средства и беше наменета за средношколците од прва година на територијата на нашата држава. Во текот на овој период во училиштата се оддржаа предавања и интерактивна дискусија за сериозните повреди што може да настанат од нивната употреба. За нејзина реализација беа вклучени 65 лекари – специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, специјализанти по пластична и реконструктивна хирургија, лекари од градовите на нашата држава, студенти од петта и шеста година од општа медицина од Медицински факултет – Скопје, членови на ЕМСА и ЕМСА алумни.

Со едукативните предавањата, како што се наведува, беа опфатени 10.011 ученици, 67 училишта и 28 градови во земјава. Предавањата се одржаа на македонски, албански, англиски и турски јазик.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Песков: Не е точно дека на европските претставници им предложивме мировен договор

Следно

22 годишен Македонец за една ноќ украл четири автомобили во Хрватска, па со дел од нив направил сообраќајна несреќа

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop