„За мене ова е финале“, рече Ердоган за престојните избори во Туркије

March 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека претстојните локални избори закажани за 31 март ќе бидат последни на кои ќе учествува на таа функција, известува Анадолу.

„За мене ова е финале. Со овластувањата дадени со законот, ова се мои последни избори, но резултатот што од нив ќе произлезе ќе биде пренесување на довербата за моите браќа кои ќе дојдат по мене“, рече претседателот Ердоган во Истанбул на состанокот со претставниците на Турската младинска фондација.

Истакнувајќи дека 31 март е многу важен и дека е еден вид пресвртница, Ердоган рече дека на тој датум очите на целиот исламски свет ќе бидат вперени во Туркије.

„Иако ова не се општи избори, туку локални, сите ќе чекаат да видат каков резултат ќе има АК партијата. Затоа, верувам дека имаме многу силна младина и дека ќе им дадеме адекватен одговор на сите оние кои посакуваат поинаку“, порача Ердоган.

Изразувајќи надеж дека од први април ќе тргне нова ера за Туркије, Ердоган рече дека има доверба во младината на неговата земја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илјадници демонстранти учествуваа на собирот во Јемен за поддршка на палестинскиот народ од Појасот Газа

Следно

Белгија меѓу глобалните лидери во родовата еднаквост – од 20 министри, 11 се жени

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop