За Кремљ намерата на Полска да го преименува Калининград е непријателски чин 

May 10, 2023
2 mins read

Калининград кој до крајот на Втората светска војна бил познат по неговото германско име Кенигсберг е именуван по советскиот политичар Михаил Калинин. Властите во Варшава вчера соопштија дека поврзаноста на Калинин со масакрот во Катинската шума во 1940 година има негативна конотација, поради што градот во официјалните документи во Полска треба да биде преименуван во Кролевиец

Официјален Кремљ денеска објави дека намерата на Полска за преименување на рускиот град Калининград го смета за непријателски чин.  

Калининград бил познат по германското име Кенигсберг се до крајот на Втората светска војна кога станува дел од Советскито сојуз и е преименуван во чест на советскиот политичар Михаил Калинин. 

Властите во Варшава вчера соопштија дека поврзаноста на Калинин со масакрот во Катинската шума во 1940 година, кога илјадници полски офицери се егзекутирани од советските сили, има негативна конотација.  

Катедралата во Калининград/Фото: Википедија

Поради тоа, според Полска, градот сега треба да се нарекува Кролевиец, како што бил нарекуван кога со него управувало Кралството Полска во 15. и 16. век. 

 „Сегашното руско име на овој град е вештачко именување кое не е поврзано ниту со градот, ниту со регионот“,

велат од полскиот комитет за географска стандардизација. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека одлуката „се граничи со лудило“. 

 „Знаеме дека низ историјата, Полска одвреме-навреме се лизгаше во ова лудило на омраза кон Русите“,

рече тој на денешниот брифинг со новинарите. 

Стотици години пред Втората светска војна, оваа област била позната како Кенигсберг и била дел од Источна Прусија. Кролевиец е полски превод на Кенигсберг.  

Меѓутоа, по Втората светска војна, градот и поширокиот регион биле ставени под советска управа. 

По распадот на Советскиот Сојуз, Калининград стана дел од руската територија, правејќи го ексклава – област географски одвоена од главната територија на земјата – која се наоѓа помеѓу Полска и Литванија. 

Калининград е стратешки важен за Москва бидејќи е домаќин на руската балтичка флота во пристаништето Балтијск и е единственото европско пристаниште во земјата без мраз. 

Мапа со фокус на ексклавата Калининград/Извор: Би-би-си

Комитетот за стандардизација на географски имиња надвор од Република Полска во вторникот објави дека веднаш препорачува градот во Полска да биде познат како Кролевиец, а пошироката област на ексклавата како округ Кролевиецки. 

Во соопштението од Комитетот се наведува дека името Калининград не се поврзува ниту со градот, ниту со регионот и има „емоционална и негативна“ резонанца во Полска. 

Михаил Калинин беше еден од шесте потписници на наредбата на Советското Политбиро за егзекуција на повеќе од 21 000 полски воени затвореници во шумите на Катин и на други места во 1940 година. 

Москва првично ги обвини нацистите за масакрот во Катин кога Германците ги открија масовните гробници во 1943 година. 

Откако Москва воведе комунистички режим во Полска по Втората светска војна, роднините на жртвите веќе пет децении не можат јавно да разговараат или да дознаат ништо за злосторството. Дури во 1990 година Русија ја призна својата одговорност за масакрот. 

Иако препораката на комитетот за стандардизација на географски имиња не е обврзувачка, се очекува дека полските државни власти сега ќе го нарекуваат Калининград – Кролевиец. Позитивна оценка за промената на името веќе даде полското Министерство за надворешни работи. 

Полска по руската инвазија на Укракна почна да поставува ограда од бодликава жица висока два ипол метри и да инсталира камери и сензори за движење долж границата со ексклавата.

Полски војници поставуваат ограда од бодликава жица на границата на Полска со руската ексклава Калининград/Фото: EPA-EFE/ARTUR RESZKO POLAND OUT

Полските власти се загрижени дека Русија би можела да ја користи границата како нова мигрантска рута кон ЕУ, по извештаите за зголемени директни летови од Блискиот Исток и други места до Калининград. 

Полска подигна челична ограда висока пет ипол метри долж дел од границата со Белорусија, откако се зголеми бројот на мигранти кои од таму преминуваат во Полска, Литванија и Летонија. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Седницата на Комисијата за европски прашања за законите за коридорите тргна, па застана: Усвоен само дневниот ред – расправата одложена за утре

Следно

Џеко: Имам 37 години, но….

Latest from Blog

Исплатени 139.965.962 денари, финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица

Денес се изврши исплата кон 3.420 лица со вкупен износ 139.965.962,00 денари за мерката 1.3 Финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица од Програмата за изменување и дополнување на Програмата

ВМРО-ДПМНЕ: Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс, ние сме подготвени за реформи доколку има отчетност и план

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. „Неспособната Арсовска кој ае и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост

Академик Попов: Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија

Во обраќањето по повод Денот на МАНУ, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на пречките на земјава на патот на зачленување во Европската Унија.  Како што рече, пријателството, спремноста за

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид. По настанот одговарајќи на новинарско

Мицкоски за уставните измени: Нашите црвени линии ги дефиниравме, од тоа не се поместуваме ниту милиметар

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не затоа што имаме какви било причини за да правиме напред или назад,
Go toTop