За една недела – 43 случаи на пертусис, хоспитализирани уште пет деца во државава

March 15, 2024
1 min read

Од 8 до 14 март пријавени се 43 нови случаи на голема кашлица, со 14 отсто намалување споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел се во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Гостивар и во Битола. Возраста на заболените се движи до 40 години.

Најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години. Од новите 50 случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

– Заклучно со 14 март во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 216 случаи на голема кашлица, со инциденца од 11,8/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 190 или 88,0 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани, појаснуваат од ИЈЗ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинението за Трамп се фокусира на фалсификување деловни записи

Следно

Агелер: Притисоците врз судството мора да престанат

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop