За две именувања на претседателката Сиљановска Давкова отворени се предмети во ДКСК

September 2, 2024
1 min read

Два месеца трае проверката на ДКСК за именувањето на Ивана Стојановска за заменик директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

Веднаш по именувањето, се објавија информации дека Стојановска не ги исполнува основните услови, а тоа е десетгодишно искуство во областа на безбедноста, одбраната и надворешната политика. Во член 9 од Законот за Агенција за разузнавање наведен е условот заменик директорот на АР да има најмалку 10 години работно искуство од областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика, од кои пет години на раководно место во АР.

Стојановска пред вработувањето во Агенцијата за разузвање (17 октомври 2016 ) била ангажирана во ФОН, на  Факултетот за политички науки и меѓународни односи а, во 2007 година е избрана за соработник на Факултетот за информатика (со редоследни избори до 2014) и била ангажирана како асистент по наставен предмет на Факултетот за детективи и безбедност на американскиот универзитет на Европа ФОН.  Ова значи дека работниот ангажман на Ивана Стојановска бил во делот на научно-истражувачката работа и информатика.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тен Хаг постави анти-рекорд на сите времиња

Следно

Ајфеловата кула ќе ги задржи олимписките прстени

Latest from Blog

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop