За Базфид ќе пишува вештачка интелигенција

January 27, 2023
1 min read

Акциите на медиумската компанија Базфид скокнаа за убави 200% брзо откако соопштија дека планираат да користат вештачка интелигенција во создавање нови медиумски содржини.

На овој потег се решија после долгогодишни проблеми во работењето и масовни отпуштања, иако сето време се обидуваат да ѝ угодат на публиката со сè поглупи и побанални содржини во кои доминираат квисчиња и листи од типот „Седум најдобри…“, „10 најлоши….“

ГПТ го тестирале давајќи му задача да состави своја листа базирана на насловот „10 работи кои се подобри во други земји отколку во САД“. Дадената задача, „битието“ ја завршило беспрекорно.

Велат, вештачката интелигенција во моментов е во состојба за само 30 секунди да состави текст од жанрот романтична комедија, ако му се дадат само неколку параметри (љубовен триаголник и сл).

Задоволни се и Мета со кои Базфид се партнери и за милионски договор склучен лани, имаат задача да штанцаат „заразни“ содржини на кои масовно ќе губат време корисниците на Фејсбук и Инстаграм.

Ние, јеби га, остануваме аргати.

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Следно

Вечерва во 360° – интервју со премиерот: Влегува ли Алијанса и си оди (останува) ли Алтернатива?

Latest from Blog

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop