За 100 евра издавале лажни потврди за наводно „бугарско потекло“: Започната истрага против градоначалничката на Булќиза

January 12, 2024
1 min read

-Откако темелно го разгледавме барањето на пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи, одлучивме да почне истрага на проверка, постапување и решавање на сомнителниот случај на судир на интереси при вршење на должноста на градоначалничката на Булќиза Фестиме Мјештри, стои во известувањето.

Одговорот на барањето следува откако Чупи истото го достави во вторникот, 9 јануари.

-Врз основа на состојбата на незаконитост и судир на интереси во општина Булќиза, денеска побарав од Високиот инспекторат итно да започне управна истрага, за да се констатира состојбата на судир на интереси меѓу градоначалничката на Булќиза и администраторот на Острени, Љуан Мјештри, кого го назначила таа, а се сестра и брат, како и да преземе други казнени мерки согласно со закон, наведува меѓу другото Чупи во барањето.

Ова е последователна активност на албанските органи по откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за “бугарско потекло” во административната единица Острени, област Голо Брдо, населено со Македонци, која територијално потпаѓа под општина Булќиза.

-Истражувачката емисија Фикс Фаре, која до сега открила низа коруптивни афери, пред неколку недели докажа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени и Булќиза, без разлика од кое потекло сте. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди со печат и потпишани од администраторот на Острени, Љуан Мјештри, потсетува телевизијата.

По емисијата, полицијата ги уапси Мјештри (62) и А. Л. (33) раководител на секторот за социјалната заштита и двајцата жители на Острени, како и Фитим Бала (61) жител во Требиште, со функција секретар на Советот на општина Булќиза, рударско гратче кое се наоѓа на албанско-македонската граница, на дваесеттина километри од Дебар.

Тројцата на итна седница на Советот беа разрешени а судот во Пешкопеа им изрече мерка притвор.

Дел од советниците тогаш побараа оставка од градоначалничката Мјештри, која е од редовите на владејачката Социјалистичка партија.

Во Албанија „Бугарско потекло“ се купува 100 евра: Новинари ја откриле шемата како се издаваат потврди! (ВИДЕО)

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Универзалниот снабдувач со струја ќе биде познат во следните 10 дена

Следно

Ирскиот премиер Лео Варадкар во официјална посета на земјава

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop