Вучиќ: Нема да бидам јас тој што ќе ја потпише независноста на Косово

March 11, 2023
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово.

На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ рече дека знае оти претседателската заклетва ја дал за Уставот.

„Јас нема да бидам тој што ќе ја потпише независноста на Косово, срам ми е да одам низ Србија и да се правдам пред кого било. Нема предавање, нема да ја признаеме независноста на Косово ниту де фактички, ниту де јуре, но ние сакаме мир со Албанците, сакаме пристојни односи“.

Тој оцени дека по избувнувањето на војната во Украина, геополитичката ситуација во Европа и во светот се променила „подрастично и драматично“ отколку по падот на Берлинскиот ѕид, но додаде дека во Србија има „оние кои се преправаат дека не гледаат колку е тешка положбата на земјата“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ангеловска-Бежоска: Затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлациските очекувања

Следно

ОН: Епидемијата на колера е во загрижувачка димензија во 11 земји во Африка

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop