Вучиќ најави формирање на Народно движење за државата

March 11, 2023
1 min read

Сè уште не се знае правниот статус на идното движење – дали ќе биде неформална организација или ќе учествува на избори. Вучиќ тврди дека движењето ќе го задржи својот непартиски карактер и дека неговото формирање нема да значи укинување на Српската напредна партија

Претседателот на Србија и лидер на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, денеска од собир во Врање најави дека на крајот на мај или почетокот на јуни ќе се формира Народно движење за државатa и ги повика сите граѓани да се приклучат кон движењето.

„Во следните два месеци ќе работиме на организациската форма заедно со многу луѓе. Ве молам, кога ќе се формира на крајот на мај или на почетокот на јуни, да размислите и да се приклучите на тоа големо Народно движење за државата“,

порача српскиот претседател од собирот во Врање.

Сè уште не се знае правниот статус на идното движење – дали ќе биде неформална организација или ќе учествува на избори. Вучиќ тврди дека движењето ќе го задржи својот непартиски карактер и дека неговото формирање нема да значи укинување на Српската напредна партија.

„Во моменти кога ситуацијата во светот е ваква, треба да ги собереме сите оние луѓе кои се и не се во партии, да се обединиме сите за да бидеме подготвени да се соочиме со сè што се случува околу нас“,

рече Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека движењето ќе биде отворено за сите – од политички организации до интелектуалци, но и непартиски личности и работници.

Нагласи дека Србија има обврска да се заштити себеси и своите национални интереси, а подеднакво да ги заштити мирот и стабилноста.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Летното сметање на времето ни доаѓа многу наскоро: Часовникот оди напред еден час

Следно

Фото: Неодговорните сопственици дел од проблемот со бездомните кучиња, „Лајка“ со шест заловувачи на терен

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop