Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

August 8, 2026
1 min read

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно државјанство, македонско и бугарско, се изјаснува за Бугарка, обвинета е за предизвикување на сообраќајна несреќа со еден загинат и бара да и се вратат пасошите за лекување на повредениот рбет во Бугарија.

-Мислењето на локалната надлежна здравствена установа јасно ја наведува не само тешката дијагноза, туку и невозможноста да се обезбеди пропишаниот третман во Македонија и потребата тој да се спроведе во друга земја. Инститираме Ива Михаилова да добие пристап до навремена и соодветна медицинска нега со цел да се избегне реалната опасност од траен инвалидитет со неповратни последици врз нејзиното право на достоинствен живот, наведува МНР на Бугарија во своето соопштение.

МНР на Бугарија ја користи вчерашната судска одлука на кочанскиот суд да го отфрли последното барање на Михајлова за лекување во странство за коментар за европскиот пат на Македонија.

-Потсетуваме дека сите држави потписнички на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи се должни да ги штитат човековите права на своите граѓани. Во случајот со Ива Михаилова, потенцираме да се обрне внимание на почитувањето на правото на живот, забраната за нечовечко и понижувачко постапување, како и обезбедувањето ефикасни правни лекови. Во овој поглед, постојаните негативни констатации на Европската комисија за состојбата на судскиот систем во Северна Македонија не се случајни. Нагласуваме дека владеењето на правото е меѓу водечките услови за секој напредок на земја-кандидат кон членство во Европската Унија, велат од МНР во Софија.

Случајот го злоупотребија и двајца пратеници од бугарската десничарска проруска партија „Преродба“ кои иако со забрана за влез во Македонија поради нелегално преминување на границата, минатата недела ја преминаа границата кај Делчево и беа во судница во Кочани. Пратениците Крсто Врачев и Ангел Георгиев ја коментираа и судската постапка, со навреди за обвинителот, судиите и правната држава.

По информацијата која ја објави Телма за преминувањето на граница на луѓе со забранет влез со судска одлука, МВР соопшти дека доколку има пропусти ќе има одговорност за полициски гранични службеници и дека Внатрешната контрола ќе го испита случајот.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Следно

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска
Go toTop