Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре

February 1, 2025
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека државата не е играчка, но дека многумина помислија  дека е можно со неа да се играат и дека е можно секој и секогаш да ја уценува.

„Затоа тргнаа однадвор во напад врз Србија, поддржани од многумина одвнатре кои со години се обидуваат да ја освојат власта, некогаш на избори, некогаш без избори, но не успеваат затоа што народот не ги сака“, им порача Вучиќ на собраните граѓани во Брус.

Тој нагласи дека „државата Србија се однесува толерантно, трпеливо, на сите им нуди разговори“ и дека и денеска нуди разговори и дијалог.

„Оној момент кога некој ќе помисли дека ќе употреби насилство за да ја преземе власта, државата ќе се однесува како држава како и секаде во светот“, рече Вучиќ.

Тој им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи „земјата Србија не е грст овес што ќе ја јадат сите“, дека, како што рече, ќе го зачуваме мирот и стабилноста и дека Србија ќе оди напред и ќе расте.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП: Големите маркети вчера со намален промет за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок

Следно

ВИДЕО: Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност

Latest from Blog

Сити може да остане без титулите, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал би профитирале

Манчестер сити би можел да остане без дел од шампионските титули освоени во ерата во која клубот се соочува со сериозни обвинувања за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Сè уште

Проданоски: „Градот во мене“ е уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва присуствуваше на отворањето на изложбата „Градот во мене“ на прилепскиот академски уметник Александар Џинго, поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“. Во своите најнови дела,

Божиновска: Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија во обновливата енергија

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030 Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските
Go toTop