Вучиќ од Брисел: Курти не сакаше или не смееше да се сретне со мене, успешна средба со Борел и Лајчак

June 26, 2024
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави во Брисел дека билатералната средба со претставниците на ЕУ, високиот комесар за надворешна политика и пратеникот за дијалог, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак била успешна, но дека трилатералната средба со косовскиот премиер Албин Курти не се одржала „бидејќи не смееше или не сакаше да се сретне“ со мене, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој по билатералните средби изјави дека верува оти добро ја завршил работата во текот на претпладнето, на средбите со европските претставници и дека разговорите со Борел и Лајчак биле коректни.

-Курти не сакаше или не смееше да се сретне со мене, но верувам дека тоа ќе го соопштат и Европејците. Се враќав три пати и ми ги покажуваа неговите пораки. Тој не сака да ме види, рече дека не е подготвен, тој рече дека главните преговарачи ќе продолжат. Дали не смееше или не сакаше, не знам, рече Вучиќ и додаде дека можел да се сретне со Борел и претходно без да мора да патува толку долг пат до Брисел.

Како што рече, со Борел и Лајчак разговарал за се, за ситуацијата на Косово.

-За спроведувањето на договорот, за дијалогот, ситуацијата. Главните преговарачи ќе продолжат во вторник или среда, рече Вучиќ и додаде дека тие се надеваат дека ќе го признаат Косово.

Тој додаде дека има уште работа, дека на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, му претстои тешка работа.

-Тоа е тешка позиција за нас. Ќе продолжиме да се бориме и да ги штитиме интересите на Србите и да му помагаме на нашиот народ, рече Вучиќ.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Денот кога умре сонот за вештачката интелигенција

Следно

Трајановска за ТВ 24: На социјалните медиуми најмногу се промовира насилството врз жените, не само врз политичарките

Latest from Blog

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

ФОТО:facebook.com/nfsbih/ Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа
Go toTop