Вучиќ: Моја молба е белградските избори да бидат на 2 јуни, а влада да биде формирана пред 1 април

March 10, 2024
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со лидерите на владејачката коалиција во обраќањето до јавноста соопшти дека е прифатен предлогот новите белградски избори да се одржат на 2 јуни, да се одложи конститутивната седница за избор за претседател на Ана Брнабиќ за 7 дена и да се формира новата влада до 1 април, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ рече дека мнозинството од коалициските партнери сакало изборите во Белград да се одржат на 28 април, а сите останати во 87-те локални единици да бидат организирани согласно уставните и законски рокови.

– Мојата идеја и молба е изборите во Белград да се одржат на 2 јуни, бидејќи сакам сите да имаат време да ја подготват кампањата. И тие избори ќе се одржат на 2 јуни, бидејќи моите пријатели се согласија со таа идеја. Сите други избори ќе бидат одржани во согласност со уставните и законските рокови, бидејќи никој не сака никому да поднесе оставки за било кого и тоа беше едногласно отфрлено од сите присутни, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Тој кажа дека по консултациите со лидерите на владејачките партии ја прифатил информацијата дека листата на СНС „Србија не смее да запре“ има мнозинство кое е доволно за формирање парламентарно мнозинство и влада и дека во следните неколку денови ќе му го достават името на мандатарот.

– Да се обидеме пред 1 април да имаме нова влада, кажа српскиот претседател.

Тој соопшти и дека продолжението на конститутивната седница на парламентот на која мнозинството треба да ја изгласа Ана Брнабиќ за претседател на собранието, а која е закажана за утре, дека се одлога за точно една недела, за да се подготват изборите за потпретседател, претседател и сите собраниски комисии.

Тој појасни дека тоа се прави за Собранието целосно да се конституира и да се подготви за избор на нова Влада.

– Ги повикувам луѓето во МВР многу рестриктивно да го толкуваат законот за промена на живеалиште, особено при добивање живеалиште на територијата на Белград, до датумот на склучување на избирачкиот список за изборите во Белград, рече Вучиќ и додаде дека „мисли да треба да се обидеме, кој и да победи, потоа да имаме целосна стабилност“.

Тој посочи дека е важно да се следат препораките на ОДИХР и дека има доволно време до изборите да се направи она што треба да се направи.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За сите мајки: Чувајте го вашето здравје, направете го тоа поради вашите деца

Следно

Гвардиола: Ливерпул е неверојатен тим

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop