Вучиќ избра мандатар кој ги поддржа демонстрантите контра студентите

April 7, 2025
1 min read

Српскиот претседател Вучиќ ја изненади јавноста со предлогот за нов премиер во ликот на професор Ѓуро Мацут, лекар, ендокринолог, досега непознат за јавноста. На изборот на Мацут како мандатар за новата влада му претходеа повеќенеделни шпекулации околу потенцијалните кандидати.

Се тврдеше дека се бира меѓу двајца кандидати, се споменуваше можноста за премиер од дијаспората, се споменуваа и имињата на некои поранешни министри, но на крајот изборот падна на лекар. Српскиот премиер во заминување и претседател на СНС, Милош Вучевиќ денеска изјави дека очекува мандатарот за состав на новата влада да внесе нова енергија.

– Очекувам тој да биде личност која може да отвори социјален дијалог, да не е оптоварен со некои работи од претходниот период, како што бев јас и мојата влада, и може полесно да разговара со сите луѓе во јавниот свет за дискурс, да разговара, да воспостави комуникација. – Милош Вучевиќ, претседател на владата на Р.Србија.

Пред идниот премиер, чија што влада мора да биде избрана до 18 април, се исправени тешки задачи. Неговиот избор е дотолку позачудувачки што станува збор за доктор кој практично и да нема политичко искуство.

Ѓуро Мацут инаку е еден од членовите на иницијативниот одбор на „Движењето за народот и државата“ на Вучиќ и забележано е дека бил и еден од посетителите на Пионерскиот парк, каде им се обратил на „студентите кои го подржуваат Вучиќ“. Инаку студентските протести во Србија не стивнуваат и на последниот протест граѓаните испорачаа и петто барање до властите поврзано со паѓањето на настрешницата во Нови Сад. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

29 годишниот Александар Гавриловски е 61 жртва од пожарот во Кочани

Следно

МНТ СО МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕТСТАВА ЌЕ СЛАВИ 80 ГОДИНИ НА 13 НОЕМВРИ

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop